Шестмина новозаболени кумановци, тројца починати од ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа  направени се 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19, од нив шест новозаболени во Куманово.

Регистрирани се и 133 оздравени пациенти на ниво на државата, од  Куманово – 10.

Пријавени се вкупно 16 починати лица, од нив три лица се од Куманово на возраст од 61, 62 и 81 години.

Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Куманово бројот на активни случаи на ковид -19 изнесува 287, а вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата во нашиот град е 8.795.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)