Шестоодделенци во посета на СВР Куманово

По повод 7-ми мај, Денот на македонската полиција ученици од шесто одделение од основните училшта од Куманово, денеска ги посетија просториите на СВР Куманово, каде се запознаа со работата на службите. Ваквите посети имаат за цел да ја доближат работата на безбедносните служби до најмладите граѓани.

-Мислам дека е убав гест од полицијата што не повикаа вака од полицијата, претставници од помалата генерација, еве 6-тата сега бидејќи досега немаат посетено простории и сега тоа за нив е големо доживување, особено кога е празник-изјави професорката Лидија Николовска.

Инаку СВР Куманово со низа активности оваа недела го одбележува Денот на полицијата. За утре е планирано  во 10 часот да се одржи натпревар на тема „Децата и полиција од област на безбедноста и сообраќајот“ на кој што ќе учествуваат деца од основните училишта. Есеите ќе ги прегледува комисија, а за најдобриот е предвидена соодветна награда.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)