Шест нови случаи на коронавирусот во Куманово, еден починат

Шестмина новозаболени кумановци од вирусот ковид-19 регистрира министерството за здравство во изминатото деноноќие, а на ниво на државата 98 нови случаи од вкупно направени 1.404 тестирања. Најмногу од новозаболените се од скопските општини, 50 пациенти. Според надлежните, во последните 24 часа, како последица на компликации од коронавирусот на починале девет лица, на возраст од 23 до 71 година , граѓани на Скопје, Куманово,  Крива Паланка, Гостивар,  Велес и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од:

Досега во земјата  направени се вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.925, бројката на оздравени пациенти е 13.418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.846.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)