Шест нови случаи на коронавирус во Куманово

Шестмина новозаболени граѓани на Општина Куманово од вирусот ковид -19 регистрира Центарот за јавно здравје Куманово. На ниво на државата, во изминатото деноноќие, евидентирани се нови 126 случаи на коронавирус од направените 1.140 тестирања, соопшти министерството за здравство. Од вкупната бројка на новозаболени, речиси половина се во Скопје, 66 лица.

Министерството за здравство информира и за 4 починати лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти, 43 од Скопје, тројца од Ресен и по еден излекуван пациент од Битола и Штип.
Досега во земјата направени се вкупно 60.773 тестирања на ковид -19, а  денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

Во Куманово од вкупно заболените 756 од почетокот на епидемијата, во моментов  активни се 299 случаи.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)