Шестмина новозаболени од ковид 19

Во последните 24 часа во Куманово се регистирани шестмина новозаболени од ковид 19, информира Министерството за здравство. За овој период напревени се 2.953 тестирања, а на ниво надржавата регистрирани се 87 нови случаи.

Од нив повеќето се од Скопје 26, Радовиш 9, Кратово  6,  Прилеп  5, Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2 и Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.

Пријавени се вкупно 17 починати лица, од кои 2 од Куманово.  Регистрирани се 197 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)