Шест члена на семејството Зекири се „фантоми“

Петте деца и нивната мајка Елизабета Зекири немаат државјанства,  а со тоа и никакви права како граѓани на РМ. Eлизабета е родена во кумановската болница,  но бидејќи нема доказ  за татковство,  не можела да добие  државјанство поради што и за децата нема никакви документи, ниту пак може да добие социјална помош. Последниве два месеца живее под кирија во населбата Перо Чичо, но се плаши дека наскоро може да остане на улица  бидејќи нема со што да ја плати киријата од педесет евра месечно.

-Собирам шишиња и ги продавам, повеќе  собираме по контејнери и јадеме , не земам социјално, имам 4 деца незапишани. Едно дете е родено со срцева мана, никој не ми помага, како да не постојам за нив , сама ги чувам децата, изјави Елизабета Зекири, самохрана мајка

Децата на оваа 33 годишна самохрана мајка се на возраст од 17 до 4 години, една ќерка и четворица синови. Ниту едно од децата не оди на училиште. Безнадежната  мајка ги повикува надлежните институции да и помогнат барем околу потребната документација.

– Да ми се помогне да си извадам документи, да ги излекувам децата, да одат на училиште, да добијам  социјално со кое ќе платам барем кирија, да не живеам без струја, без вода, изјави Зекири.

Единствената светлина во собата во која што живее шестчленото семејство Зекири  е свеќата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)