„Шеќерна маса “ – првонаградена на „Маскенбал 2018“

Маската „Шеќерна маса“ го освои првото место на традиционалната манифестација „Маскенбал 2018“  која се одржа вчеравечер во центарот за култура Трајко Прокопиев. Втората награда и припадна на маската „Шоља“ , а третата на „Месечева принцеза“, информираат надлежните. На годинашниов маскенбал наградата за сценски настап ја освои „Мајкл Џексон“, а наградата за групна маска и припадна на „Иноватор и јутјубери“. Беа доделени и шест пофалници на маските Паун, Еж, Пуканки, Килер кловн, Бонбонче и Литл Стјуард. Маските ги оценуваше стручно жири во состав од м-р Зоран Арсовски, стручен соработник за визуелна уметност, дизајн и архитектура, Сашо Костовски, драматург, Маргица Станисављевска, стручен соработник по литературна дејност и Никица Јанковски , студент по актерска игра.

Традиционалната манифестација се одржува од 1994 –та година . Инаку, иако по повод денот на шегата Маскенбал не се организира на градскиот плоштад ,сепак децата маскирани со своите родители, баби, тетки, самоиницијативно секоја година дефилираат на плоштадот одбележувајќи го 01  април.

Коментари

коментар(и)