Шлепер се преврте на автопат кај Агино село

19 годишниот Александро П. од Грција е повреден во сообраќајната несреќа што се случи утрово околу 6 часот на автопатот Куманово -Скопје кај Агино село.  Грчкиот државјанин, движејќи се кон Куманово , изгубил контрола над товарното возило, излетал од коловозната лента и се превртел  на спротивната.  5 часа беше блокиран сообраќајот за тешките товарни возила поради што се создаде километарска колона од автобуси и камиони чекајќи да се ослободи барем едната лента.  Патниците кои  неколку часа чекаа да го продолжат патот кон саканата дестинација, остро реагираа на, како што велат , бавната реакција од надлежните служби.

-Од   05,30 часот чекаме, камионот  слета од спротивната лента  и до сега нормално поминуваа само патнички возила, за тешките товарни беше забранет сообрачајот. Овде има повеќе од 30 автобуси, повеќе од 100 камиони,. а во тие 30 автобуси има 5.000 луѓе.  Никој не не праша дали имаме потреба од нешто.  Кај мене во автобусот има и три бебиња кои од утрово се без храна, изјави очевидец на сообраќајната несреќа

-Тргнавме на Републичка ревија. Дојдовме во 07,30 часот, ни кажаа дека од 05,45 се тука луѓето,  има многу странци кои тргнале во Грција на одмор, со бебиња, студенти, едно девојче само што не се расплака,  испит имала во 12,30 а не може да стигне. Ова е трагедија што се случи да чекаш 4-5 часа , а да не можат да дојдат, брзата помош стигна после два часа, го видовме повредениот, му се слоши и го однесоа во болница, изјави анкетиран патник

После пет часа од сообраќајната несреќа, шлеперот со дигалка беше пренесен на едната коловозна лента и делумно се нормализираше сообраќајот на автопатот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и откривање на причините поради кои утрово шлепер се преврте на автопатот Куманово -Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)