Што очекуваат кумановци од идниот претседател

Кумановци очекуваат на претстојните избори ќе се избере претседател кој ќе работи во интерес на сите граѓаните.

Тие се надеваат дека идниот претседател ќе работи на обединување, но и на подобрување на животниот стандард во Македонија.

-Да се работи на сите човекови права, да се подобри животниот стандард. Да ги застапува правата на граѓаните, а не на партиите-вели еден кумановец.

-Очекуваме да бидат фер изборите, но навистина тоа е тешко-додава друг кумановец.

-Јас мислам дека претседателот треба да ги застапува правата на сите граѓани, без разлика на вера, нација. Досегашниот што беше, беше за една партија, тоа сите го знаеме, ако и другите се како него, подобро да не се-вели еден кумановец.

Дел од граѓаните со кои што поразговаравме велат дека е тешко новиот лидер да се издигне над партиските интереси.

Тројцата кандидати за претседател кои собраа потписи за да влезат во трката се Гордана Силјановска – Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и Блерим Река од Алијанса на Албанците и БЕСА.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)