Штрајкува судската администрaција

Судската администрација и денеска го продолжи штрајкот кој започна пред 8 дена. Според синдикалната организација на Основен суд Куманово штајкот е успешен со 100 процентно учество на вработените.Тие остануваат на своите барања- измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7:30 до 15.30 часот.

-Притисоци од  страна на судиите и претседателот на судот немаме, единствено како притисок може да го сфатиме тоа што од републичкиот судски совет испратија изјави кои што треба да ги потпишат сите кои што штајкуваат. Ниту еден вработен во Основен суд Куманово до денеска ја нема потпишано изјавата и нема да подлегмене на никакви притосоци, изјави Синиша Ќириќ, претседател на синдикална организација на Основен суд Куманово и претседател на штајкувачки одбор

Во судот се работат само итни предмети, времени мерки, притвори, предмети со странски елементи и слично , а влезот на судот е слободен. Во Основен суд Куманово има 180 вработени лица вкупно со судиите, од нив околу 120 се судска администрација.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)