Штрајкува судската администрaција

Судската администрација денеска го почна тридневниот штрајк, кој во петок, како што најавуваат организаторите, ќе премине во протест. Тие бараат измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7:30 до 15.30 часот.

-Синдикалната организација на Основен суд Куманово го поддржува штајкот на синикатот на УПОЗ од Скопје во целост , имаме 95 проценти присуство на членови на синдикат, 5 проценти имаме ние одредено дежурни да бидат да работат на итни случаи . Основен суд Куманово денеска не работи по сите предмети што се закажани освен итни предмети, со странски елементи, тестаменти и слично, за таа намена имаме определени луѓе, направено план за работа, влезот на судот е слободен,  изјави Синиша Ќириќ, претседател на синдикална организација на Основен суд Куманово и претседател на штајкувачки одбор

Во Основен суд Куманово има 180 вработени лица вкупно со судиите, од нив околу 120 се судска администрација.

Инаку, за петок, организаторите најавуваат протест пред Министерството за правда, Министерството за информатичко општество и администрација кој ќе заврши пред Владата на Република Македонија.

Штрајкот го организираат Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба. Преговорите почнаа како резултат на предупредувачкиот штрајк што беше одржан на 3 декември 2015 година.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)