ШТРАЈК-ВТОРА ФАЗА

Почитувани,

Телевизија Плус заедно со своите партнери и колеги од Здружението на Регионални и Локални медиуми „Медиум Објектив“, од утре 5 мај 2022 година, започнува со втората фаза од активниот Штрајк која подразбира повлекување на нашите репортажни екипи од терен и прекин на програмата на секој еден час со емитување на  5 минутен телоп за ШТРАЈК на црна основа.

Штрајкот кој го организира Здружението на Регионални и локални медиуми „Медиум Објектив“ е резултат на повеќегодишниот тотално игнорантски однос на ресорното министерство и Владата на Р.С. Македонија кон реалните проблеми со кои се соочуваат секојдневно регионалните и локални приватни радиодифузери меѓу кои и:

-Неадекаватниот третман на регионалните и локалните приватни радиодифузери во споредба со националните медиуми и порталите според веќе постоечки или нови законски решенија.

-Ист третман при изрекување на парична казна за локално радио со 1 вработен и национална телевизија со преку 100 вработени.

-Вментнат член 102 во Законот за Медиуми според кој приватните радиодифузери имаат забрана да наплаќат за своите услуги кои реално ги остваруваат кон Државните претпријатија, Владата, сите Државни институции, Единиците на Локална самоуправа, Јавните Претпријатија и др., што е дискриминирачки во однос на правата што ги имаат и остваруваат останатите правни субјекти и со тоа ги доведува приватните радиодифузери до гола борба за опстанок секој месец повеќе од 10 години, а посебно во последните 5 години во кој период беа и затворени рекорден број на регионални и локални ТВ станици.

Ние сме на мислење дека овие традиционални медиуми  се повеќе од потребни за остварување на Јавниот интерес воопшто а посебно на локално ниво затоа што единствено тие информираат редовно за секојдневните проблеми на граѓаните и начините на кои можат истите да се надминат и решат, поради што оние медиуми кои се водат од исклучиво комерцијални мотиви  го собираат и најголемиот дел или околу 94% од  севкупниот маркетиншки финансиски колач во нашата држава.

Ставајќи се во одбрана на Јавниот интерес и правото на граѓаните да бидат информирани веќе подолго време или години наназад бараме средба со надлежните институции при што целосно сме игнорирани. Затоа по првата фаза во која штрајкувавме преку прекин на програмата по половина час секој ден приморани сме да преминеме на втората фаза која како што веќе наведовме освен прекин на програмата значи и повлекување на новинарските екипи од терен со што за жал ќе останат обесправени или неинформирани пред се граѓаните на кои то право им е загарантирно со Устав.

Затоа, им се извинуваме од срце на нашите гледачи и ги молиме за разбирање. Истото го бараме и од локалните институции и претпријатија затоа што нивните соопштенија и информации нема да можеме да ги пласираме до нашите гледачи. Никогаш не би се одлучиле на овој чекор да не бевме присилени на тоа и да не сме на работ на егзистенција веќе со години при што секој месец се бориме со надчовечки напори да обезбедиме средства за личен доход на нашите постојано вработени и хонорарно ангажирани соработници.

Ние, како Здружение ќе останеме на својот став до самиот крај, односно додека конечно не се избориме за правата кои ни следуваат па дури ако тоа значи и премин кон третата фаза од Штрајкот што подразбира и протест со наше физичко присуство со вработените и дел од нивните семејства пред надлежното министерство и  Владата на Р.С. Македонија.

Уште еднаш бараме разбирање од сите Вас и воедно бараме да не дадете подршка бидејќи остварувањето на нашите права за Вас ќе значи гаранција за поквалитетна програма на вашите локални медиуми и навремено, професионално и непристрасно информирање.

 

Со голема почит до сите Вас што сте секој ден со Нас и сте наши верни гледачи и подржувачи.

Екипата на Вашата Локална Кумановска Телевизија Плус.

Коментари

коментар(и)