Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден имале три интервенции, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарникарите гаснеле запалена сува трева во близина на пекарница Ѓоше, а потоа и на шумски пожар во село Руница. На пожарот покрај пожарникарите интервенирале и вработени од јавното претпријатието Национални шуми-Шумско стопанство, но екипите биле повлечени околу 18 и 30 часот, поради слабата видливост во ноќни услови и непристапниот терен. Со гаснењето и локализирањето на пожарот продолжиле утринава. Пожарот синоќа бил активен на три места, по што на две бил целосно локализиран, но на едно местото под село Руница, бил активен
Пожарникарите од Куманово гаснеле и запален оџак на булеварот Октомвриска револуција.