Ѓорѓиевски: Нудиме нова ера за кумановци

Имаме програма со која ќе настапиме на овие локални избори како и досега. Разликата од сите наши конкуренти е што ние работиме посветено, ќе дадеме се од себе и своите зборови ќе ги претвориме во дела, истакна синоќа кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата За подобра Македонија, Зоран Ѓорѓиевски презентирајќи ја изборната програма.  Тој нагласи дека на овие избори кои се едни од најважните во државата, ќе настапат со програмата во која се опфатени сите области.

-Оваа програма што ја имаме не е затворена книга која нема да може да се менува во претстојниот период од 2-3 години меѓутоа костурот на оние работи на кои ќе се посветиме во наредниот период од 4 години ќе гo најдете во програмата за овие локални избори. Пред се тука е дадено почисто Куманово, почист воздух и поздраво Куманово за кумановци, бидејќи важиме за најзагаден град во Република Македонија и на Балканот-нагласи тој.

Ѓорѓиевски посочи дека со оваа програмата за која ветуваат целосна реализација во период од 4 години, ќе понудат нова ера за кумановци.

-Втората работа на која ќе се задржиме е локалниот економски развој во кој Куманово како град доминира во републиката по бројката на невработени луѓе и ќе се залагаме во претстојниот период таа бројка да биде доведена на едно нормално ниво каде што нашите млади ќе растат во здрави, сериозни луѓе кои својата иднина ќе ја градат во својот град, не да го напушаат градот. Покрај другите работи од инфраструктурата каде што цело Куманово е опфатено со нашата програма, со акцијата Куманово без кал, еднаш засекогаш да заборавиме на оние работи кои требаше да бидат завршено-додаде тој.

Ѓорѓиевски рече дека се планирани и проекти од културата, образованието, младите и спортот.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)