Ѓорѓиевски промовираше проекти од културата

Организирање на мултифункционален детски фестивал, меѓународен фолклорен фестивал , како и формирање на ликовни, драмски, играорни секции во сите училишта на локално, но и на централно ниво се дел од проектите од областа на културата кои што денеска ги најави кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ , Зоран Ѓорѓиевски. Тој истакна дека општината ќе продолжи да ги поддржува културните манифестации како што се Денови на комедијата, Рома труба фест, Тамбурашки фестивал, а ќе им дадат можност и на уметниците од градот да се промовираат  на градскиот плоштад

-Една од новините ќе биде отворена сцена во летните месеци за сите оние соло уметници, рок, џез музичари да имаат катче на плоштадот во Куманово каде ќе можат да ги промовират на своите културни, музички, ликовни способности, писателски, поетски  способности, така што ќе дадеме шанса на сите оние луѓе да можат да направат самопромоција во градот од каде што потекнуваат,  изјави Ѓорѓиевски.

Во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ се предвидува реализација на 20 проекти од културата за наредните четири години.

Кандидатот за градоначалник Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните на Куманово масовно да го посетат вечерашниот митинг што ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток во 20,30  часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)