Ѓорѓиевски: Ќе ја намалиме невработеноста

Покрај најавената технолошко индустриска развојна зона на локалитетот Аџитепе, една од мерките во програмата за локален економски развој  е и помагање на веќе постојните индустриски зони во Куманово, рече на денешната пресконференција кандидатот за градоначалник од Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

– Со нивно инфраструктурно доуредување, со сообраќајно технички решенија за сите овие диви индустриски зони , со промоција преку одредени табли за сите овие фирми кои постојат тука се со цел за нивна поуспешна работа,  се со цел за нивна поголема промоција и со цел за нивно зголемување на постојните капацитети за намалување на најакутниот проблем на општина Куманово, тоа е големиот процент на невработеност, изјави Зоран Ѓорѓиевски , кандидат за градоначалник

Ѓорѓиевски најави и изработка на економски каталог од постоечките фирми во градот.

-Друго од мерките што планираме да понудиме на граѓаните на Куманово е формирање на економски каталог, во кој ќе имаме повеќе работи ставено меѓу кои макро и микро економската состојба на градот Куманово , каталог од сите постојни фирми во Куманово,  нивните капацитети и нивните дејности , човечките и природните ресурси на градот Куманово така што било кој странски инвеститор кој сака да дојде во Куманово да има еден пресек на економската состојба во Куманово за да може поуспешно да инвестира и да ја намали акутната невработеност со која сме број еден во Куманово, изјави Ѓорѓиевски.

Кандидатот на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ветува поубаво, поупешно Куманово со помала невработеност.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)