Јавен повик за поддршка на проекти за лица со попреченост

Општина Куманово објави Jавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица, кои спроведуваат активности насочени кон лица со попреченост на подрачјето на општината. За распишување на јавниот повик обезбедени се финансиски средства од општинскиот буџет во износ од 2 милиони денари.

Предност во изборот на подносителите кои ги исполнуваат сите услови, ќе има оној подносител кој веќе има воспоставени сервисни услуги обезбедени за што поголем опфат на корисниците. Барањето  со целосната документација за учество на јавниот повик се доставува во писмена форма во Архива на општина Куманово или по пошта. Барањата се поднесуваат до 05 април годинава.

Коментари

коментар(и)