Јавна дебата за нацрт законите во образованието

Со нацрт законите за основно образование и за наставници и стручни соработници во основното и средното образование се предвидува воспоставување на национални стандарди кои ќе го подобрат квалитетот на основното образование и кои ќе им помогнат на наставниците да се усовршат и да напредуваат, изјави министерот за образование и наука, Арбр Адеми кој што денеска присуствуваше на јавна дискусија за двата нацрт закона во Куманово. Наставниците и стручните соработници од Куманово и соседните општини имаа можност да се информираат и да дадат свои предлози, согледувања и сугестии за двата нацрт закони кои ги предлага Министерството за образование и наука. Со предвидените новини, учебната година не мора да заврши на десетти јуни и нема да се обработуваат саботите.

-Нудиме конкретни квалитативни решенија околу деполитизација и департизација во основното образование така што во одборот на училиштето наместо девет члена сега  ќе има седум члена каде што МОН отстапува од својот член, така што структурата ќе биде следната: три члена ќе бидат од редовите на наставниците и стручните соработници, три члена од родителите на учениците кои се веќе запишани во тоа училиште и еден член од основачот односно од општината, така што одборот на училиштето ќе предлага само една личност за директор на училиштето каде што градоначалникот е задолжен во рамки на утврдениот рок со закон истиот да го именува и ако се пропушти тој рок, тогаш министерот е задолжен тој предлог на училишниот одбор тоа лице да го именува за директор. Има доста новини и во нутритивниот дел на исхраната, оброците на учениците, има новина и од аспект на професионална ориентација на учениците така што од основно училиште, менаџментот на училиштето, стручните соработници во рамки на училиштето да им помогнат на учениците, на родителите на учениците каде треба да ја продолжат својата образовна надградба, во кое средно училиште да се запишат имајќи ги предвид нивните афинитети, склоности, предиспозиции, изјави Арбр Адеми, министер за образование и наука  

Со нацрт законот за основно образование, се сугерира да нема намалување на бројот на часови за учениците, бидејќи споредбено во нашата држава учениците следат помалку настава од нивните врсници од Словенија и од земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), потенцира Адеми.

-Колку часови би имало секое дете во секоја година во секое одделение, тоа треба да оди по природен пат, каде што МОН ќе биде вклучено со подзаконски акти, тоа треба да се уреди, но според податоци, според анализи, а со закон никако, тоа не треба да се ограничува, ниту досега  било ограничено, ниту знам дека во некоја земја со закон се ограничува бројот на наставни часови за децата, изјави Адеми.

Што се однесува до статусот на наставниците и стручните соработници министерството за образование и наука има конкретни решенија каде што се подобрува нивниот  статус.

-Некако до сега од првиот ден на работа па до пензија без ниту едно унапредување, без никаква мотивација. Сега се предвидуваат скалила конкретни за унапредување на наставниците и на стручните соработници така што во оваа насока мислиме да има што повеќе мотивирани наставници и стручни соработници кои тие скалила и тоа унапредување ќе се базира во нивните резултати, во нивните постигнувања и достигнувања. Така што имајќи ги предвид законските решенија кои се нудат и во двата нацрт закона има доста новини и во сите овие новини се инкорпорирани препораките на ОЕЦД на УНИЦЕФ така што и тие биле во работната група за подготвување на овие нацрт закони и очекуваме да се подобри значително квалитетот на основното образование и статусот на наставниците и стручните соработници, изјави Адеми.

На јавната дискусија за двата нацрт закона се обрати и директорот на Државниот просветен инспекторат , Томе Спировски.

Во работната група за крирање на двата нацрт закони учествувале и претставници на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и УНИЦЕФ, Фонд за деца при Обединетите нации .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)