Јавните претпријатија работат со застарена техничка опрема

На јавните претпријатија во градот им е потребна нова техничка опрема бидејќи во моментов работат со механизација од деведесетите години, рече градоначалникот Максим Димитриевски на вчерашната седница која заврши со донесување заклучок – Нацрт програмата за долгорочно задолжување на Општина Куманово во висина од еден милион евра за набавка на техничка опрема на претпријатијата да оди на јавна расправа во која ќе бидат вклучени граѓаните, невладиниот сектор и надлежните од локалната самоуправа.

Димитриевски вчера засебно за секое претпријатие образложи во каква финансиска состојба се наоѓа, со каква опрема располага, дали работи со добивка или загуба.

За јавното претпријатие „Водовод“ посочи дека во изминатиот период кога на централно ниво била друга политичка гарнитура, претрпело огромни штети и сега има огромни долгови, а техничката опрема е застарена. Опремата која ќе се набави, според првиот човек на општината, ќе донесе до заштеда во изведување на работите за поставување на канализација.

-Сега сме сведени да решаваме 8-10 дефекти на водоводна мрежа дневно со еден ровокопач и камион од 1992 –та и 2002-та  и со цистерна од 1995-та година. Ако сакате да ги подобрите условите треба да го подобрите техничкиот капацитет. Канализацијата се инсталирала во овој град своевремено пред 50-60 години рачно и одело споро. Слична е состојбата и во ЈП „Чистота и зеленило“, каде возниот парк за иснесување смет е застарен, а воопшто не располагаме со друг тип техничка опрема, нема друга опрема за да исчистат над 80 –те диви депонии во градот, износ на смет, чистење, одржување на градот и уредување на зелени површини, истото да работи на чистење на речните корита и паралелно со тоа да се грижи за зимското одржување во градот. Ние во моментов како општина даваме огромни средства  и на фирми кои што ги ангажираме за таа работа, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

„Јавното претпријатие „Куманово гас“  успеавме финансиски да го стабилизираме и за првпат покажа добивка и оваа година има рекорден број на приклучоци, но не може да се гасифицира еден град ако претпријатието не располага со техничка опрема“, дополнува  Димитриевски.

-Во однос на гасификацијата, наместо да се прави тоа со децении, може да се направи побрзо, ако ЈП „Куманово гас“ има техничка опрема тоа да го изврши.  Дополнително ЈП „Куманово паркинг“ со уште едно ново возило ќе ја врши примарната функција, да се грижи за паркинг местата. Куманово паркинг кое беше се, само не претпријатие за паркинг услуги го трансформираме во јавно претпријатие да наплаќа паркинг услуги, а не кирии од имот на општина и со тоа да обезбедува плати и да фактутира на општината сметки за улично осветлување. По пат на јавно- приватно партнерство имаме најдобро осветлен град и на месечно ниво имаме од милипон до 1,5 милиони заштеда и го стимулираме претприајтието да си наплаќа паркинг услуги кои даваат за средување на хаосот во градот и да функционира пајак службата, која ако не ја псоедувате нема да го регулирате сообраќајот, рече Димитриевски.

Надлежните се надеваат дека и по јавната расправа главните приоритети на граѓаните ќе останат подобрување на комуналната инфраструктура, на хигиената во градот, решавање на сообраќајниот метеж, гасификација и намалување на загадувањето.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)