Јагнешкото поскапе за Велигден

Традиционалната велигденска трпеза не може да се замисли без јагнешко месо. Во месарниците веќе се забележува зголемено присуство на потрошувачи, кои ги купуваат неопходните продукти. Иако граѓаните сметаат дека цените на јагнешко месо, кое што е неизбежен дел од празничната трпеза, пред празникот се превисоки за македонскиот стандард, сепак купуваат колку им се можностите. Јагнешкото се продава по цена од 340 до 360 денари и го има во доволни количини, додека цената на свинско месо се намалува и е по цена од околу 260, а говедското околу 380 денари и тоа повеќе се троши.

-Месо ќе купиме, но не јагнешко, прескапо е-изјави еден од граѓаните.

Трговците велат дека од денес веќе се забележува подготвувањето за еден од најголемите христијански празници.

-Најмногу се троши свинско месо, јагнешко малку е поскапо и луѓето немаат финасии за да можат да купат. Поскапување нема, на свинско месо има поевтинување за 30 проценти, јагнешко месо оди нагоре, веројатно поради недостиг, бидејќи имаше голем извоз оваа година во Италија, Грција и друго-изјави Љубиша Денковиќ од МИК „Свети Николе“.

Тие велат дека граѓаните вообичаено се навикнати последните денови пред Велигден да пазарат, па затоа очекуваат уште поинтензивна потрошувачка во петок и сабота.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)