Јакимовиќ: Да донесеме одлука за нашата иднина

На овие избори се носи клучна одлука за нашата земја и за нашата иднина. На 5-ти мај да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме пред изборот и одлуката. Сечиј глас е важен, да ја подржиме опцијата со која ќе продолжиме напред, истакна на денешната прес конференција Благојче Јакимовиќ, од НДСП, повикувајќи ги граѓаните својот глас да го дадат за Стево Пендаровски.

-Дали одиме напред, дали продолжуваме со развиениот свет или ќе дозволиме блокада на нашите шанси и ќе се вратиме назад во лошото минато?! Наша одговорност како политичари е да се развива земјата и да оди напред, но исто така сме подготвени и на критики кои чесно ќе ги прифатиме. Знаеме колку многу е потребно изборите да успеат и да победи напредната опција, знаеме дека масовно треба да излеземе и да гласаме сите. Сечиј глас е важен и со право се обраќам до сите наши граѓани Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи и други, да излезат на 5-ти мај и да гласаат за иднината на земјата, за иднината на децата, да ја подржиме опцијата со која ќе продолжиме напред! Затоа почитувани сограѓани, членови и симпатизери на НСДП, ве повикувам во недела да излеземе масовно и дадеме глас за опција Западно напред, под број 3, и за идниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски-посочи тој.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)