Јакимовиќ: Родителите имаат поплаки за организацијата на екскурзиите

Голем број родители имаат поплаки за организацијата на училишните екскурзии кои што ги реализира само една турстичка агенција во градот. Ова го истакна на денешната седница, советникот Благојче Јакимовиќ, посочувајќи дека граѓаните прашуваат зошто се прави монопол на пазарот, кога во градот има неколку туристички агенции. За пример рече, при последната дводневна екскурзија во училиштето „Крсте Мисирков“ од 15 анкетирани родители, 8 дале негативна оценка за организацијата, а незадоволство изразиле и самите ученици.

-Дојдовме до сознание дека на дводневна ексркузија, полн пансион и ручек чинат 2.700 денари за таа туристичка агенција и родителите од 15 испитаници 8 единица дале за одговор, 80 деца дале одговор дека не се задоволни од престојот и храната, поголем број родители се засегнати од овој проблем кој се случува последните 10 години, знам дека сте запознаени, но не можеме да дозволиме една туристичка агенција да хара низ Куманово, рече советникот Јакимовски.

На неговото прашање, одговори раководителот на Секторот за образование, Жика Крстевски,  кој нагласи дека проблемот е во правилникот за училишни екскурзии, кој го носи министерот за образование и наука, а во кој е наведено дека право да биде избрана има агенција која претходно организирала три училишни екскурзии, со што по автоматизам на останатите не им се дава за право, бидејќи не можат да реализираат ниту една.

– За жал и оваа година се работи за ист правилник и еве веќе се крена глас дека има поголеми примедби од Сојузот на агенции за оваа прашање да се земе во предвид и сериозно да се промени она што е како недостаток за реализација на овие екскурзии, вие го поставивте прашањето само за превозниците но има и други прашања кои треба да се преиспитаат, и јас очекувам дека ќе реагира Министерството и да ги стави во рамноправна позиција оние кои сакаат да бидат конкурентни за да можат да добијат некоја дестинација од овие екскурзии, рече Крстевски.

Како што беше потенцирано, се очекува ваквата регулатива да биде сменета за следната учебна година, со одлука на ресорниот министер.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)