Јакимовиќ член на извршен одбор на НСДП

Советникот Благојче Јакимовиќ од Нова социјалдемократска партија на последниот четврти конгрес на партијата кој се одржа месецов, е избран за член на извршниот одбор. Дел од централниот одбор на партијата се уште четворица кумановци. Тито Петковски ќе ја води партијата и наредните четири години.  Гостувајќи во емисијата Став на телевизија Плус, Јакимовиќ кој е и секретар на општинската организација, информираше дека на конгресот е избран и надзорен одбор, но е донесена и програма според која ќе се движи партијата наредните години.

-За мене како член на централен одбор мислам дека оваа програма наликува на она што треба да и се случи на Македонија. Наметнавме свое видување, дека Македонија треба да се движи во правец на ЕУ и Нато, да е една изборна единица, политичките партии во Македонија треба да ги финансира државата. Тоа се нашите три принципи по кои ние ќе се водиме во наредниот период и ќе делуваме. Како НСДП секогаш се залагаме да излеземе самостојно на избори, сакаме да коалицираме со подобриот, и секогаш даваме поддршка за патот кој носи кон ЕУ И НАТО-истакна  тој.

Во следниот период НСДП Куманово ќе има средби со месни заедници, по што ќе следи конференција за избор на ново општинско раководство.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)