Јаневиќ: Сите да излезат на гласање

Од општинската организација на Либерално демократската партија денеска ги повикаа граѓаните масовно да излезат на гласање на претстојните вонредни  парламентарни избори в недела.  На овие избори граѓаните  самите ќе одлучат  во каква Македонија сакаат да живеат.

„ Во држава во која демократијата, правдата, слободата беа згазени од оваа корумпирана власт или во држава во која ќе има и демократија и слобода и правда за сите“ рече на пресконференцијата портпаролот на ЛДП,Филип Јаневиќ.

-После 10 години на власт на ДПМНЕ не постои сегмент од општеството кој не е руиниран. Македонија денеска има најмала минимална и најмала просечна плата во регионот. Богатите биваат се побогати, средната класа речиси и да не постои, а сиромашните се заглавени на самото дно без никакви шанси за напредок. Пензинските фондови се пред капитулација, имаме највисок долг во историјата на самостојна Македонија и парите наместо во стопанство, образование и здравство се трошат за споменици и богатење на власта. Не постои млад човек во оваа земја кој не размислува среќата да си ја најде на некое друго место. ДПМНЕ ја имаше својата шанса, имаа 10 години да покажат што знаат и умеат, имаа 10 години да обезбедат подобар живот за секој граѓанин на оваа земја. ДПМНЕ цела деценија владеење ја искористи за задушување на демократијата и лично и партиско богатење, изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП

Од ЛДП порачуваат сите да го искористат своето право на глас, затоа што како што потенцира Јаневиќ, секое не излегување на денот на изборите или пак прешкртување на гласачкото ливче значи глас за ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери. Јаневиќ уште еднаш ги повика граѓаните на 11 декември да го заокружат бројот 4 за живот во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)