Јапонската влада со донација за Куманово

100 контејнери и 10 корпи за смет донираше јапонската влада преку УНДП  на Куманово, а деновиви ќе пристигне и возилото за смет. Половина од донацијата е наменета за транзитниот центар  табановце, а останатите контејнери ќе бидат употребени за централното градско подрачје.

-50 ќе бидат ставени во функција,  50 резерва за регионот Табановце и едно возило од 10 кубни метри смет , веќе парите се уплатени на сметка на општина Куманово, овие денови ќе биде донесено и регистрирано,  изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Донацијата ја предадоа амбасадорот на Јапонија Макото Такетоши и претставникот на УНДП , воедно и почесен граѓанин ан Куманово Лујза Винтон. Тие денеска го посетија и транзитниот центар Табановце .

-Кога ќе се соберат целокупниот приодонес на јапонската влада  и на агенциите на ОН  во одговорот  на бегласката криза износот достигнува повеќе од 3,6 милиони долари.  Зборувајќи од аспект на УНДП навистина ми  е мило што јапонската влада согледа дека предизивиците со кои што се соочуваме овде имаат хуманитарен аспект, но имаат и развоен аспект, рече Винтон.

-Мојата порака е порака на солидарност во рамките на меѓународната заедница бидејќи треба да им помогнеме на овие луѓе кои навистина страдаат во оваа ситуација . Во овој момент реално тоа  не е транзитен центар бидејќи голем дел од луѓето се таму повеќе од 45 дена, така што сметам дека е време да најдеме соодветно решение за нивните проблеми, изјави Такетоши.

Јапонската влада и УНДП денеска дадоа голем придонес од хуманитарен аспект,  но и за развојниот дел на претпријатието, рече директорот Сашо Петрушевски.

-Еден дел од контејнерите ќе ги транспортираме веќе утре според потребите на центарот , а вториот дел ќе го употребиме во централното градско подрачје, бидејќи еден дел од контејнерите кои се веќе стари, запуштени , скршени ќе ги промениме, изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

УНДП од јапонската влада добила 2 милиони и 225 илјади долари за развојните потреби на заедниците  што се домаќини на бегалската криза , Куманово односно Табановце и Гевгелија, потенцираше Винтон.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)