Јовановска бара финансиска помош, пелени за девојчето и материјал за уредување на собата

Силвана Јовановска, 41 годишна мајка која од пред два месеци е самохрана, живее во кумановската населба Бабин дол заедно со нејзината 2 годишна ќерка Леонтина. Нејзиниот сопруг ја напуштил пред 2 месеци, а таа е оставена сама да се снаоѓа за леб и млеко, собирајќи пластични шишиња. Јовановска вели дека имаат потреба од материјална и финансиска помош која би се состоела од прозорци и врати за да ја опремат подрумската просторија во која живеат, исто така парите ѝ се потребни за да ја платат струјата. Мајката вели дека имаат грејно тело, но немаат дрва за да може да се стоплат во овие студени денови. Потребни ѝ се и пелени за малата ќерка. Сите кои сакаат да му помогнат на ова семејство, може да го сторат тоа на бројот и трансакциската сметка кои се прикажани на сликата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)