Јовановски: Граѓаните да се ослободат од плаќање приклучок за гас (ВИДЕО)

На хартија останаа ветувањата за довршувањето на гасификациската мрежа во Куманово, истакна на денешената прес-конференција Дејан Јовановски, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека Димитриевски и СДСМ ветиле проширување и доизградба на гасификациската мрежа, создавање на услови гасот да биде достапен до секое семејство, приклучување на државните институции лоцирани во градското подрачје и приклучување на општата болница Куманово, како еден од поголемите загадувачи во градот.

-Доколку Димитриевски и СДСМ ја гасифицираа болницата, немаше да има потреба истата да набави мазут од фирмата актулена по увоз на штетно масло, и потенцијално уште повеќе да ги труе кумановци. Затоа ги повикуваме надлежните институции да испитаат дали кумановската болница користела од тоа штетно масло како мазут за загревање и доколку ова се потврди да се преземат соодветни мерки за утврдување на одговорност. Нема да дозволиме да се заталашка и оваа работа, па така ако сега не се разоткријат сите сомневања, идната власт на ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе ги разоткрие-нагласи тој.

Според ВМРО-ДПМНЕ незначителните намалувања на цената за приклучок, нема да влијаат граѓани масовно да се ориентираат кон гасот како енергенс, а со ваквата спора динамика на гасификација ќе треаат децении за да се видат посакуваните резултати во економијата и во заштитата на животната средина.

-Зарем Димитриевски и СДСМ не ветуваа голема поддршка за Куманово од Владата на СДСМ, па оттука прашуваме колку пари доби општина Куманово за ширење на гасификациската мрежа? Каков бенефит ќе има едно просечно семејство во Куманово, кога ќе треба да потроши повеќе просечни плати за да добие гас? Кумановци прескапо го плаќаат приклучокот за гас! Додека Максими Димитриевски и СДСМ потрошија над 7 милијарди денари буџетски пари во изминатите 4 години, кумановци ќе треба да плаќаат дури 550 евра приклучок за гасоводна мрежа и покрај субвенциите-нагласи Јовановски.

Јовановски потенцира дека согласно досегашното искуство, граѓаните треба да бидат ослободени од каков било трошок. Затоа, бесплатен приклучок кон гасоводната мрежа за секое семејство, ќе биде една од првите одлуки на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително ќе бидат разгледани можностите за субвенции за вградување гасни котли во висина од 50 проценти од цената на еден котел.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)