„Јованче и Марика“ премиерно во Театар Куманово

Детската претстава Јованче и Марика од Браќа Грим утре во 18 часот премиерно ќе се изведе во кумановскиот театар. Во делото кое е во режија на Бојана Краљевска учествуваат актери од ансамблот на Театар Куманово, но и двајца студенти од Факултетот за драмски уметности. Јованче и Марика е приказна која зборува за брат и сестра, кои користејќи ја добрината, слогата и мудроста, успеваат да се справат со злото и сиромаштијата.

-Околу претставата Јованче и Марика динстинкција e помеѓу доброто и злото претставена на еден поекстремен, суров начин но ги доловува вистинските вредности на човековото битисување. Јас со моите колеги, со дел од ансамблот на Tеатар Куманово се собравме да ја поставиме оваа приказна, која е една од моите омилени приказни од детството од браќата Грим, со тоа што дел од ансамблот се вработени актери во театарот во Куманово и имаме двајца гости, студенти Никица и Матеј. На мое големо задоволство можеби ова им е прв професионална улога и многу ми е драго што си оваа претстава го кршат мразот-истакна режисерката Краљевска.

-Јас ја играм Марика многу сум среќна кога работам претстави за деца, бидејќи сметам дека во суштина на театарот е и да ги едуцира најмалите и да иницира нова театарска публика и само така можеме да го развиеме театарот во овој град. Затоа ми е задоволство веќе трет пат работивме детска претстава започнавме со Пинокио, работевме Волшебникот од Оз и сега Јованче и Марика и нашата идеа како ансамбл е да имаме таков континуитет на детски претстави односно стабилна детска сцена која ќе брои претстави за деца постојано а не инцидентно. Се надеваме правиме напори  да го постигнеме тоа и да ја реализираме таа идеа-посочи актерката Александра Михајловска.

Студентите кои што се вклучени во претставата истакнаа дека им е драго што можат да играат со актери од кумановскиот театар.

-Големо задоволство е да имате партнер како Александра Михајловска. Мене ми е драго што сум дел од претставата бидејќи ми е прва детска претстава. Мојот лик е Јованче, мудро детенце пред се кое се снаоѓа во дадените ситуации кои се наметнати од неговата маќеа. Би ги поканил сите да дојдат да ја погледнат претставата и млади и стари а особено младите за да се стекне еден континуитет да доаѓаат во театар-посочи студентот на драмска уметност, Никица Јанковски.

-Најпрвин сакам да се заблагодарам на Театар Куманово и на режисерката Бојана и на целиот ансамбл што се поканија да учествуваме во претставата, јас го толкувам ликот Шумскиот дух тој е како во сите детски приказни има екстремно добри или лоши ликови, јас сум од добрите и им помаѓам на Јованче и Марика во дадените ситуации-изјави студентот Матеј Стојковски.

Од Театар Куманово информираа дека веќе се распродадени билетите за утрешната премиера за оваа детска претстава. Додаваат дека љубителите на театарот ќе можат во наредниот премиод да ги проследат репризните изданија.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)