ЈП „Водовод“ со добивка од 2,8 милиони денари

Добивка од 2,8 милиони денари бележи јавното претпријатие „Водовод“ во вториот квартал од своето работење годинава. Но, на расправата на денешната седница на Советот на општина Куманово, советниците повеќе се задржаа кон критики за работењето на претпријатието и за финансиската состојба во која се наоѓа.

Скоро секогаш кога беше на дневен ред Јавното претпријатие Водовод барав на следниот извештај да се достават расходи на претпријатието и приходи по трошковни места. Секогаш добивав некој одговор којшто го прифаќав како таков, ама еве пшомина три и пол години и ништо не се реши. Сега би го прашал директорот како може да менаџира со едно претпријатие, а да нема извештај за трошоци по трошковни места. Како може да знае кој дел од претпријатието му е доходовен, каде му се одливаат средствата, ако добиваме само групни извештаи, а нема групни зивештаи поединечно по трошковно место – рече Драган Петковски

Директорот на Јавното претпријатие „Водовод“, Горан Стојковски истакна дека финансиските извештаи кои се доставуваат до советниците се прават согласно меѓународни стандарди и истите се во групата најдобри во државата.

Апсолутно имаме увид по секој сектор, по секое раководно место колку се трошкови во ЈП „Водовод“ и овој извештај се дава на надлежните во Министерствто за животна средина кои го спроведуваат овој извештај и на крај на оваа година конечно ќе имаме не само извештај по трошковни места, него и нова методологија за утврдување ан цена на вода согласно новиот закон за тарифа на цена на вода во Република Македонија – вели Стојковски.

На сметка на менаџментот на претпријатието беа упатени и критики за лошата финансиска ситуација во која истото се наоѓа.

Со доаѓањето на новиот директор тоа беше веќе одамна, имав мислење дека оваа јавно претпријатие ќе излезе од проблемите кои ги има, дека ќе ги санира загубите кои ги имаше направено претходните директори во претходните години, меѓутоа се повеќе сум песимист дека ова нешто ќе се случи па и со тоа што во поново време се прават нови загуби и вкупната загуба генерирано се зголемува – вели Мирослав Стојановски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на ЈП „Водовод“, Стојковси се сложи со фактот дека финансискта ситуација е на незавидно ниво и како шт истакна очекува помош од надвор за надминување на ваквата состојба.

Ако погледнете во извештајот можете да видите дека потрошени суровини и материјали се 22 милиони денари, ова е потрошена сурова вода по цена од 6,7 денари која што не ја плаќа никој во југоисточна европа. Доколку одиме по цена, највисока цена која од време на време ја плаќа било кое друго јп во Македонија, а тоа е 3,2 денари ќе можете да видите дека на 6 месеци само по овој основ ќе имаме заштеда од 10 милиони денари, на годишно ниво само 20 милиони денари заштеда би имале по основ на цена на вода кои што средства ќе бидат вложени за санација на финсиска ситуација во Јавното претпријатие „Водовод“ и нормално функционирањље на оваа претпријатие односно она што е согласно статут, одржување на канализациона и водоводна мрежа, доставување на вода за пиење и одгледување на рубани отпадни води – вели Стојковски.

Како што нагласи Стојковски, ова е прво лето после неколку години кога граѓаните на Куманово немаа проблем со водоснабдувањето, благодарение на напорите кои ги направиле градоначалникот Зоран Дамјановски и директорот на новото претпријатие АД „Водостопанство“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)