ЈП „Водовод“ со загуба од 20 милиони денари

Јавното претпријатие „Водовод“ минатата година ја заврши со загуба од 20 милиони денари. Советниците од опозицијата сметаат дека и покрај зголемување на приходите и намалување на расходите, претпријатието тоне во загуба. Тие предлагаат без паритиски или какви било други поделби, сите да се заложат и да придонесат за да „Водовод“, кој е од витално значење за граѓаните, застане на нозе.

-Претпријатието се соочува со некои проблеми кои не може само да ги реши, мора да му се излезе во пресред и да се најде некое решение да му се помогне, за да излезе од оваа криза. Кризата со ЕВН и сметките кои што се не платени за електрична енергија изнесуваат милион евра, тоа не е за занемарување, утре може да се случи  ЕВН да каже ние повеќе не можеме да ве толерираме и ќе ви исклучиме струја,  градот останува без вода -изјави Мирослав Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив,  кризата е од поодамна и многу подлабока, па поради тоа е потребен подолг период за да се надмине. Директорот на јавното претпријатие „Водовод“, Горан Стојковски истакна дека загубата се должи исклучиво на високата цена на сирова вода, која што ја набавуваат од Водостопанство кумановско-липковско поле.

-2014 година ги имаме покачено приходи по сите основи за 7 милиони денари во однос на 2013 година, а сите расходи ги имаме намалено за 15 милиони денари.  Тоа значи дека во самото претпријатие се останати 22 милиони денари кои се искористени само за плаќање на стари долгови, средување на состојба со изгубени плати, социјално и здравствено осигурување на вработени, земање на опрема заради што побрзо решавање на дефекти и исполнување на основната улога, нормално водоснабдување и одведување на отпадни води за пречестување-наведе тој.

Тој додаде дека иако сировата вода ја набавуваат по 6,7 денари, а ја фактурираат по 2,3 денари, се уште поради економската состојба во државата не размислуваат да ја зголемат цената за плаќање. Од друга страна директорот нагласи дека голем проблем им претставуваат и должниците, меѓу кои што се фирмите во стечај Искра и Житомел, но и Општа Болница која должи близу 8 милиони денари. Тој нагласи дека кумановската болница нема да ја остават без вода и дека ќе настојуваат да најдат решение за овој проблем.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)