ЈП „Чистота и зеленило“ ги чисти градските гробишта

Од минатата недела екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ започнаа со подготовка и чистење на градските гробишта во пресрет на двата христијански празници Задушница и Духовден. Од претпријатието информираат дека се искосени сите тревните површини, поставени се корпи за отпадоци и исчистен е насобраниот смет. Освен екипите кои се задолжени за редовно одржување на хигиената на гробиштата ангажирани се и екипи од оддели за зелено цветни, јавно прометни површини и изнесување и депонирање на смет со цел поефикасно извршување на работата.

-Значи преземени се сите мерки за да овие два христијански празници им овозможиме на граѓаните да доаѓаат на гробните места и да ги посетуваат. На денешниот ден има движење на многу луѓе во попладневните часови се она што е оставено од нивна страна имаме дежурни екипи кои ќе го соберат и за ноќните часови и за Духовден ќе бидеме спремни и ќе овозможиме граѓаните да имаат чиста средина, вели Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Од претпријатието објаснуваат дека минатата година за Духовден група на млади палеле оган и  го загрозувале јавниот ред и мир. Од таму апелираат да се почитуваат правилата на градските гробишта за овозможување на непречено посетување на граѓаните на гробните места.

– Апел и во однос на хигиената во сите корпи и контејнери кои се поставени после обредот да можат да го остават ѓубрето како би можело  јавното претпријатие многу поефикасно да ја заврши работата, вели Петрушевски.

Секоја година за време на двата празника Духовден и Задушница, ЈП „Чистота и зеленило“ ангажира екипи за работа на градските гробишта. Иако деновите се неработни се организираат дежурства бидејќи гробиштата се најпосетени во овој период .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)