Јубилеен Детски ликовен камп „АСНОМ 2020“

Ученици од шесто до деветто одделение четири дена твореа во комплексот Грација во рамките на десеттиот Детски ликовен камп „АСНОМ 2020“. 14 –те учесници создадоа свои уникатни дела на слободна тема кои што подоцна ќе бидат подарени на здружението „Порака Наша“, како и досега. Освен ликовниот камп, јубилеј, десет години постоење годинава одбележува и организаторот Фондацијата за култура и спорт.

– Докажавме овие десет години за оправданоста за нејзиното постоење и со нашето работење и не себично давање во сите проекти што беа во делот на програмата за култура сите овие десет години. Гордоста е поголема што е ова автохтона програма на Фондацијата за култура и спорт и впрочем веќе 15-16 години исто така и Меѓународниот тамбурашки фестивал е дел од програмата на Фондацијата и сите други делегирани надлежности што ни ги дава општината да ги работиме и да ги сработиме во овие десет години. Досега учествувале од сите основни училишта од шесто до деветто одделение над 200 учесници и од 400 до 500 дела се направени во повеќе ликовни техники. Сите овие дела, имаме Меморандум за соработка со „Порака-наша “ ги донираме на центарот. Сите дела се во нивна сопственост со можност за понатамошно подарување или продавање на овие прекрасни ликовни дела, изјави Нино Величковски, директор на Фондација за култура и спорт

„Ликовниот камп АСНОМ од година во година прераснува во една сериозна ликовна колонија и со право можам да кажам дека ние денеска овде како учесници немаме само ученици, туку млади слободни ликовни уметници на кои што им посакувам да продолжат да создаваат и творат трајни дела кои што ќе останат зад нив, а ќе им ги отворат патот во уметноста да напредуваат“ рече градоначалникот Максим Димитриевски, прогласувајќи го ликовниот камп за затворен.

– Нашиот град може да се пофали со голем број на ликовни колонии, со голема традиција и со голема збирка на дела кои што се токму дела на наши автохтони кумановски актери, а покрај нив секако на гости ни биле и големи светски имиња од ликовната уметност. Воедно, самиот гест за подарување на ваквите дела на организацијата „Порака-наша“ која што се грижи и ги згрижува оние категории на граѓани на кои им е повеќе од неопходно помош и секојдневно внимание затоа што се работи за лица со попреченост сметам дека се прави дополнителен гест хуман со кој што се дава поддршка на ваквата активност на оваа невладина организација и најголем дел од овие дела всушност завршуваат на аукциите кои што оваа органзиација ги организира, доаѓа до финансиски средства и потоа се преточуваат во трајни вредности и се дава помош на одредено лице со попреченост. Ова што вие денеска го творевте и она што генерациите пред вас го твореа на крајот резулатира со хуман гест и доаѓа како материјален приход во една организација со која што се финансира една хумана работна задача на оваа органзиација. Го прогласувам овој детски ликовен камп АСНОМ  за затворен, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Ликовниот педагог и ментор Симона Јакимовска се надева дека соработката меѓу Фондацијата за култура и спорт и општината ќе продолжи и во иднина , бидејќи од ликовниот камп може да поизлезат многу успешни уметници.

-Работиме четири дена, со сите мерки, поради ситуацијата каква што е имаме намален број оваа година учесници, 14, за да има растојание. Работиме анимација со помош на пластелин, сликање на платно, цртеж и монотипија, графичка техника. Мислам дека имаме успешна реализација на делата, изјави  Симона Јакимовска, ментор, ликовен педагог

Директорот на Фондацијата, Нино Величковски најави дека годинава по повод Денот на ослободувањето на градот ќе биде организирана биенална изложба од ликовните дела на годинашниве учесници на кампот, петта по ред.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)