Јустиција организира Поткозјачки литературни средби

Се возобновуваат Поткозјачките литературни средби. После две децении во организација на Јустиција, центарот за културолошки студии , а под  покровителство на општина Куманово и поддршка на центарот за култура се обновува манифестацијата на која што во минатото се собирал целиот литературен врв на балканската , но и европска книжевност, информира организаторот  од Јустиција , Оливера Доцевска.

-Она што е многу важно е да додадеме дека ова се случува во предвечерието на пет века од постоење на Куманово и тука во Куманово во петок на 26 октомври од 19 часот во Занатскиот дом ќе бидат соберени реномирани поетски и книжевни имиња на Македонија, Биљана Станковска, Стојан Тарапуза, Трајче Кацаров, Елена Пренџова. Ќе учествуваат танцовите клубови Фјужн и Мак, а вечерта ќе започне со хорот на здружението на пензионери, вечерва ќе финишира со настап на Мартија Станојковиќ,  изјави Оливера Доцевска, Јустиција

– За повозрасните генерации е познато дека подкозјачките средби Општина Куманово ги организираше на тематика НОБ односно родољубивите песни и тогаш тоа имаше многу големо значење во литературниот опус, изјави Цоки Ристовски , раководител на Сектор за култура во Општина Куманово

Со оваа манифестација всушност започнуваат активностите во рамките на ноемвриските денови во пресрет на Денот на ослободувањето на Куманово, 11 Ноември.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)