Ќе никнат ли згради во стариот градски парк?!

Откако поголемиот дел од дрвјата во стариот парк беа исечени, во градот се почесто се зборува дека на местото на зелената површина ќе се гради комплекс од станбени згради. Ваквите неофицијални информации наидоа на осуда кај граѓаните особено ако се знае дека на Куманово како град со повеќе од  100.000 жители му недостасуваат паркови. Најзасегнати се рекреативците кои и покрај тоа што не се задоволни од моменталната состојба во која се наоѓа паркот, сепак  порачуваат да не се уништува и она малку што остана од стариот парк. Наместо да се сечат дрвјата, паркот треба  да заживе, велат кумановци.

-Тополите беа созреани, но исекоа некои дрвја што не требаше. Но ако се сече старо треба да се задаси ново, новото уште не го гледаме а пролетта си оди, тоа не е добра работа. Клупите ги оштетуваат, повеќе младите го прават тоа, па дури и ги снемува, а и реката реба да се чисти. Имам чуено нешто така но не верувам  дека ќе се осмели, кој и да е градоначалник на Куманово. Тоа не би требало да се случи, но треба да се обнови оградата на паркот, да се загради и реката да исчисти, да не гледаме додека шетаме ѓубре, ѓеси, џакови.

-Додека го уредуваа добар беше, ги сечат дрвата за да ги продаваат. Слушнав нешто за градење на згради, но не сум толку информиран.

-Мислам дека сакаат да го прошират, но треба да се преземат мерки да се засадат нови садници за да нешто го привлекува народот да шета во паркот. Сега откако се исечени дрвјата треба да се засадат нови за да граѓаните го посетуваат паркот.

-Беше многу убав паркот, имаше цвеќе, клупи, се шетавме со децата со колички. Сега се се распадна, нема ништо, се се исечено, тополите се исечени, паркот треба да се направи каков што беше порано, сега е запустено, не личи на парк,

-Кажаа дека ќе се прави пазар, дрвјата се исечени, но нема ништо од пазарот.

-Мислам дека се обновува паркот за да биде поубав и за децата и за возрасните за прошетка.

Наспроти граѓаните, локалната самоуправа уверува дека и во иднина паркот ќе остане зелена површина. Стариот парк сега е во фаза на реконструкција односно се сечат тополите и старите дрвја, а ЈП „Македонски шуми“  е должно да засади нови насади, вели градоначалникот на Куманово.

-Ние издаваме дозвола врз основа на урбана планска документација односно ДУП кој е базиран на ГУП. Таму имаме зелена површина -паркови и таа работа пренамена е процес кој не може во моментот со ниеден акт да се донесе, значи без промена на ГУП кој сигурно ќе трае многу подолг период бидејќи е отпочната  постапката, меѓутоа,сообраќајна студија, влијание на животна средина, демографска студија  и сите тие работи конзерваторски и итн. Кога ќе се синтетизираат ќе дојдеме до решавање на ГУП, таму е зелена површина и не може никогаш да биде станбен комплекс, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Освен нови садници, паркот ќе добие и осветлување, но и санација на пешачките патеки, а делот од паркот  кон градскиот стадион ќе биде претворен во временски цветен пазар, со што јавното претпријатие „Пазаришта“ ќе добие дополнителна дејност, но и приходи, тврдат од општината. Ова ќе се реализира наредните месеци со одлука на Советот на општината.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)