Ќе опстане ли КК Куманово следната сезона?

Општина Куманово ќе го преиспита идното финансирање на Кошаркарскиот клуб Куманово, најави денеска на прес конференција првиот човек на градот, Зоран Дамјановски.

Тој го повика претседателот на Македонската кошаркарска федерација да си даде оставка и да си замине од македонската кошарка, бидејќи од неговото доаѓање е нанесена енормна финансиска штета на клубовите.

Дали Куманово е виновно што само на нему познати причини успеа еднострано да ја раските регистрацијата со нашиот играч, кој беше еден од подобрите игрчаи во самиот состав, бидејќи ние немаме некој голем ростер со што ни направи невидена штета на настапот на оваа екипа во полуфиналните и очекуваните финални средби во БИБЛ лигата како единствен преставник од Македонија, во Супер лигата како третопласирана екипата во првенството на Македонија и на тој начин ни нанесе невиден хендикеп на понатамошните натпревари – истакна Дамјановски, додавајќи дека вакво раскинување на договор не е познато во историјата на МКФ.

Вчера МКФ излезе со соопштение дека договорот е раскинат поради тоа што Данило Мијатовиќ немал платено осигурување, а денеска Дамјановски вели дека тоа било сторено оној момент кога српскиот интернационалец го побарал тоа. Според градоначалникот на Општина Куманово, одлуката за раскинување на договорот со Мијатовиќ е со цел да се задоволат потребите на МЗТ Скопје кој е негов спонзор.

Почитуван господин Петар Наумовски ве молам во има на граѓаните на Куманово тшо попрво да си доите од Македонската кошаркарска федерација бидјеќи чините непремостливо зло на кошаркарскиот спорт, а рпед се на вкупниот впечаток на спротот во Република Македонија. Затоа Куманово од оваа место како локална самоуправа ќе го преиспита, односно Советот на општината, дали воопшто ќе направи развојна програма во која ќе финансира спорт каде има вакви услови за натпреварување. Куманово даде силна порака до управата на КК Куманово да поведе судски спорови против МКФ, Петар Наумовски, менаџерот на Мијатовиќ и регистрационата комисија, упативме жалба до арбитражниот суд на МОК, редовна граѓанска тужба на редовна судска постапка до МКФ и до Данило Мијатовиќ и очекуваме дали оваа судство ќе има сила да ја надмине состојбата во која се наоѓа нашето судство и да донесе една одлука да се стави крај на анархијата во општеството и крај на анархијата на Македонската кошаркарска федерација – рече Дамјановски.

Од следната сезона неизвесно е дали воопшто ќе постои Кошаркарскиот клуб Куманово, доколку општината го „затегне вентилот“ со финансирањето. Дамјановски додаде дека таквата одлука не значи нужно згаснување на клубот, кој дококу најде други спонзори ќе продолжи да опстојува и понатаму.

Тоа не значи гасење на клубот, можеби ќе најде нови финансиери, можеби ќе отвори врата за влез и на други доколку има заинтересирани, меѓутоа, да се даваат средства од парите на граѓаните на една група на луѓе кои само мислат за лични интереси. Не знам дали некој до сега земал таква плата како претседателот на клубот со такви казни. Пред да ја удриме топката на паркет ние исплативме 30.000 евра по основ на лиценци, котизации и казни – додава Дамјановски.

На прашањето дали доколку се донесе одлука да престане финансирањето на КК Куманово, за што од Буџетот на Општината годишно се издвојуваат околу 16 милиони денари, средствата ќе бидат прераспределени за останатите клубови Дамјановски вели дека тоа допрва ќе се разгледа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)