Ќе отпочне реновирањето на истурениот објект на „Браќа Миладиновци“

Деновиве ќе отпочне реновирањето на истурениот објект на основното  училиште „Браќа Миладиновци“ познат меѓу граѓаните како „Карпош“. Тендерот за реконструкција на објектот на улицата „Тане Георгиевски“ е завршен, а опфаќа замена на кровната конструкција,  внатрешна, надворешна столарија, подови. Објектот е еден од најстарите во градот,  а го користат две централни училишта за ученици од редовна настава и за ученици со посебни потреби.

-Со ова ќе се заокружи реновирањето на сите објекти кои се во владение на основното училиште „Браќа Миладиновци“, така што и тој објект ќе биде прилагоден за квалитетна и убава настава и на учениците и на наставниците. Се надеваме дека новата учебна година ќе стартува со нов училишен објект, изјави Марина Манојловска, директор на ООУ „Браќа Миладиновци“

Проектот за реконструкција на истурениот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“ доби најголем број гласови од учесниците од последната сесија на форумот на заедниците која се одржа  во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“. Rеконструкцијата на објектот во кој настава следат вкупно 530 ученици од две централни училишта, меѓу нив и 55 ученици во посебните паралелки ќе се реконструира со средства обезбедени од проектот кој го спроведува Советот на Општина Куманово со поддршка на УНДП и  Швајцарската агенција за развој и соработка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)