Ќе поскапе линискиот превоз

Ученичкиот превоз е вметнат во општинскиот линиски превоз во Куманово, одлучија советниците на последната седница на советот. Воедно, по барање на превозниците линискиот превоз во сите зони ќе биде зголемен линеарно за пет (5) денари. 

-Согласно законските измени, општинскиот линиски превоз ќе функционира, ќе се инкорпорира и ученичкиот, ќе ги превезува учениците со извесни промени и дополни на постојните линии. Секој ученик ќе биде превезен од местото на живеење до училиштето, рече Лидија Ланг Спасовска, раководителка на секторот за комунални работи.

Во Куманово приближно 4.300 ученици користат ученички превоз. Бесплатниот превоз на ученици утврден со закон за основно и закон за средно образование на подрачјата на општините каде има утврден возен ред се врши од страна на носителите на дозвола за општински линиски превоз, а на подрачјата на две или повеќе општини каде има утврден возен ред во рамки на меѓуопштински линиси превоз се врши од страна на носителите на дозвола од меѓуопштински линиски превоз по цени и на начин утврдени од советот. Куманово е една од петте општини каде има линиски превоз.

Досега, за превоз во зависност од линиите и зоните, граѓаните на Куманово плаќаа од 30 до 160 денари. 

Советниците од опозицијата и од власта предложија одредени граѓани, пред се жители на подалечни села да бидат субвенционирани за користење на линискиот превоз, да се преземат чекори за популаризација на линискиот превоз особено во критичните месеци кога загадувањето е на високо ниво. 

-Не ми се допаѓа овој дел за покачување на цената за пет денари. Друго нешто што не дава за право да се зголемува цената на превозот е тоа што токму поради влегување на сигурни патници, основци средношколци,  тоа се сигурни плати бидејќи државата го плаќа тој превоз, станува збор за илјадници луѓе, рече Зоран Петрушевски, советник На расправата по оваа точка беше потенцирано дека најголем број на возилата вклучени во линискиот превоз се со еуро два стандард , па ќе им се остави простор во наредниот период да ги обноват возниот парк, со возила со еуро три стандард.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)