Ќе се градат ветерници на потегот Куманово – Крива Паланка

Германска компанија прави испитувања за изградба на околу 400 мегавати ветерници на потегот Крива Паланка – Куманово, најави деновиве премиерот Зоран Заев. Според него, се што постои како ресурс, како потенцијал во државата треба да се стави на располагање. Инаку, станува збор за голема инвестиција  од компанија која има искуство и во други земји во регионот.

-Оваа година е на рестарт и заживување. Владата согледувајќи ја оваа потреба долг период работи на создавање на услови и претпоставки како би можело самиот излез од кризата да го искористиме како неповторлива и уникатна можност за еден економски квантен скок се со конечна цел да се искористат нашите предности, нашите потенцијали, сето тоа што го имаме како ресурс да се стави во функција на економскиот раст и развој. Се прават мерења за околу 400 мегавати ветерници на потегот Крива Паланка-Куманово, каде германска компанија која има портфолио од 5.000 мегавати ветерници, прави мерења, а веруваме дека ќе се потврди дека има доволно ветер за да се реализира оваа инвестиција од 500 милиони евра, некаде околу 398 мегавати, рече Зоран Заев, претседател на Влада

Ветерници веќе има изградено во Богданци, а ќе се градат и во Демир Капија, Кочани, Дебарца.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)