Со изградба на кружен тек во градот, со дополнително поставување на столпчиња на булеварите и со отпочнувањето со работа на првата од трите планирани катни гаражи ќе се намалува сообраќајниот метеж во Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски смета дека на градот му недостига современо сообраќајно решение.
-Сметам дека на Куманово треба да му се уреди ликот на влезот во градот првенствено еден од приоритетите. Завршена е постапката за изготвување на градежен проект, тендерската постапка е во тек да се избере изведувачот, верувам дека во текот на оваа година ќе отпочнеме со реализација на влезот во градо, а тоа е крстосницата каде што се спојуваат „Трета МУБ“ со улицата „11 Октомври “ и ќе имаме едно модерно современо решение на влезот во градот кое што ќе биде за пример па во следната година да можеме да планираме дополнителни вакви проекти , а со тоа и дополнително да го растовариме сообраќајниот метеж во градот , изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово
За безбедноста во сообраќајот на патиштата и за намалување на метежот во градот се зборуваше и на вчерашниот Локален совет за превенција, каде што претседателката на Советот, Атина Мургашанска го поздрави проектот Нулта толеранција.
– Свесни бевме дека ќе донесе позитивни критики и ќе ја зголеми популарноста , но некогаш тоа се и непопуларни мерки кои не носат веднаш, од прва прифаќање, не носат политички профит, меѓутоа како одговорни чинители во оваа сфера мора да си го земеме реформскиот дел и да носиме такви одлуки кои и во моментот и далекусежно ќе имаат добри последици, за нас сите како професионалци и за граѓаните. На прва сето тоа што изгледа поригорозно па и како превенција не е популарно, но далекусежно е позитивно, рече Атина Мургашанска , претседател на Совет
Надлежните потенцираат дека постојната сообраќајна инфраструктура во градот е за непречен сообраќаен промет најмногу до 10.000 возила, а во Куманово има вкупно 27.000 регистрирани патнички и товарни моторни возила.