Ќе се доградуваат училници во ОУ „Христијан Карпош“

Основното училиште „Христијан Карпош“ преку Министерството за образование и наука, обезбеди средства за изградба на десет нови училници во дворот на училиштето кои според, најавите на одговорните ќе се градат на локација каде пред речиси десетина години била отпочната изградба на сала. Директорката на училиштето, Лидија Костиќ информираше дека постапката со документацијата е завршена, се чека на одобренија за градба кои ќе ги издаде општината, а МОН го избере изведувачот. Новите училници,  ќе бидат поврзани со централната зграда на училиштето во кое настава следат 1200 ученици.

-Тоа е за нас нешто големо и успешно и се надевам дека што поскоро ќе биде завршено затоа што имаме простории во училиштето кои се наоѓаат во подрумскиот дел, учат деца во несоодветни услови со тоа многу ќе добие училиштето нижите одделенија од прво до трето, ќе учат во новата градба-истакна таа.

Костиќ информираше дека активно се спроведува и проектот преку коалиција СЕГА, финансиран од детската фондација Песталоци, кој се однесува за ученик правобранител и ученичка заедница.

-Тој проект е веќе пет години ова е шеста година преку проектот праќаме деца на детска размена во Троаген. Исто така во училиштето она што треба и натаму сигурно ќе контактираме течат проекти преку Еразмус Плус, к 2 компонента тоа се проекти на различна тематика, пари од Европска унија преку Национална агенција. Нашето училиште досега има добиено еден проект од минатата година кој завршува во мај, двогодишен проект со седум училишта партнери од други држави, три нови почнати сега од септември проекти и четвртиот е преку романската национална агенција, вкупно пет проекти преку Еразмус плус програмата-нагласи директорката.

Досега наставниците од Христијан Карпош, заедно со учениците  беа во посета на Италија, Португалија, Романија и Турција, а во наредниот период ќе заминат и во Англија и Финска. Директорката е задоволна што од посетите се враќаат полни со енергија, знаења и искуство. Таа посочи дека и во наредниот период ќе продолжат да аплицираат на проекти и се надева на уште поголеми успеси.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)