Ќе се заменат оштетените клупи

Триесет и пет искршени и дотраeни клупи во централното градско подрачје наскоро ќе бидат заменети со нови, а дел ќе бидат поправени. Од општината информираа дека веќе е започната тендерската постапка за набавка на нови клупи.

-Најмногу оштетувања има на кеј на река Kумановка, по наша проценка имаме 35 искршени клупи целосно, има предвидено санација, замена на даски, поставување на нови клупи, постапката е во тек се надеваме за 20 дена, до еден месец да ја завршиме постапката, како за реконстурикција и санација на клупи во централното градско подрачје и во парковите, така и за поставување на нови клупи, пример во новиот парк што се планира да се прави, кај Автобуската станица, а и овие старите што се искрешени од несовесните граѓани или со текот на времето, да ги замениме-наведе Момчило Јовановски од Општина Куманово.

Според нивните проценки само минатата година во парковите во централното градско подрачје биле оштетени околу 40 клупи.

-Не ги чуваат граѓаните, се уништуваат масовно и наместо да имаме поголем број на нови клупи, ние повеќе одиме на реконструкција на старите дотраени клупи кои ги кршат несовесните граѓани-додаде тој.

Надлежните аплеираат граѓани да не ја уништуваат урбаната опрема, бидејќи таа е во функција на сите нас. Граѓаните пак признаваат дека повеќето клупи се уништени поради несовесноста и ниската култура на луѓето, и затоа бараат вандалите да бидат казнети.

Тие се надеваат дека во иднина ќе се промени свеста кај луѓето и дека совесно ќе се однесуваат кон урбаната опрема на јавни места.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)