Ќе се избираат ученици на генерацијата

Ученици на генерацијата од основните и средните училишта од Куманово и Старо Нагоричане ќе бидат прогласени наредната недела, во четврток. Настанот во организација на Регионалното здружение на просветни работници ќе се одржи во просториите на општина Куманово, а дипломите на најдобрите ќе им бидат врачени од градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Искуствата говорат дека понекогаш се случува да бидат прогласени повеќе ученици на генерацијата.

-Пред се, тоа е една внатрешна или интерна работа на секое училиште кое си има своја традиција свои корени одамна, си имаат соодветни правилници врз основа на која тие ги вреднуваат успесите на учениците и во однос на тоа ги бираат најдобрите или најдобриот. Се случува понекогаш да има и по двајца, по тројца, кога е во прашање тесна конкуренција тогаш најдобро е да се прогласат двајца ученици на генерација и така да го отворите патот на волјата и натаму да продолжат со успеси да чекорат во животот, изјави Лидија Николовска Георгиевска, претседател на Регионално здружение на просветни работници.

Со модернизацијата на воспитно -образовниот процес и со информатичката технологија, според Николовска Георгиевска, разликата во знаењата помеѓу учениците од градската и руралните средини се повеќе се намалува.

-Неодамнешните истражувања покажале дека поедини населени места во однос на руралните средини да учениците имаат повеќе развиено математички логички способности, додека во градските средини имаат и друг вид на способности, но  тоа сепак го оставаме како резултат на средински околности, инаку за предиспонираноста секако дека сите имаат еднаква можност да се надоградуваат како личности и да ги развиваат своите потенцијали, но сепак средината го има својот залог тука, изјави Николовска Георгиевска

Годинава ќе изостане прогласувањето на истакнат просветен работник на ниво на Куманово, но сепак сите заинтересирани наставници можат да аплицираат на државно ниво.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)