Ќе се интензивира соработката меѓу Куманово и Гњилане

Поинтензивна меѓугранична соработка на општините куманово и гњилане најавија денеска градоначалниците зоран дамјановски и људви назири.  На денешната средба во локалната самоуправа беше договорено дека токму реактивирањето на соработката меѓу двете општини ќе придонесе за реализација на заеднички проекти преку ИПА фондовите.

Меморандум за соработка општините Куманово и Гњилане, според градоначалникот Дамјановски  бил потпишан уште пред неколку години, но досега немале никакви заеднички активности. Сега на иницијатива на градоначалникот на Гњилане соработката продолжува. Тој посочи дека наредниот период   ќе работат на повеќе инфраструктурни проекти  во микрорегионите Куманово- Гњилане трговиште кои што ќе бидат од заеднички интерес.

– Градоначалникот го запознав со можностите за соработка.  Комитетот на Регионите во рамките на  Европската Унија задолжен за Западен Балкан, во месец октомври оваа година, ќе оддржи Конференција  во Гњилане, каде што гостин ќе биде и Градоначалникот на Општина Куманово и ќе биде главен партнер на оваа конференција со цел да се воспостави поголема соработка.

ИПА 2 во програмата за меѓугранична соработка ги опфаќа Општините Куманово и Гнилане, но исто така и општините од регионот, како што е Липково, како и изградбата на граничниот премин Белановце-Станчиќ, кој е проект од интерес на двете влади, но сепак акцент се става на соработката помеѓу Куманово и Гнилане, како и други проекти кои го опфаќаат микро-регионот Гњилане-Куманово-Прешево-Трговиште, кој проект нуди добра можност за соработка со што Западниот Балкан преку овој проект може да биде пратен во Брисел, изјави Људви Назири, градоначалник на општина Гњилане

Кога би се отворил новиот граничен премин меѓу Македонија и Косово,  од Гњилане до Куманово преку Липково би имало  само 27 километри . А од Гњилане до Куманово преку граничниот премин Блаце се поминуваат дури 90 километри.

 До крајот на годината двете општини планираат и да се збратимат, најавуваат надлежните.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)