Ќе се казнуваат загадувачите на животната средина

Секторот за инспекциски надзор при општината, по барање на граѓаните, ќе работи и во сабота и недела, информираше испекторот за животна средина Бобан Бојковски. Тој наведе дека на овој начин, со интензивирана контрола, но и во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе се обидат да ги спречат несовесните граѓани да ја загадуваат околината. Воедно апелираше до кумановци,  да пријавуваат на телефонскиот број на полицијата, секогаш кога ќе забележат дека несовесни лица ги кршат законите за животна средина, комунални дејности, градба.

-Во наредниот период акцентот ќе биде на спалување на отпад кој го вршат несовесни граѓани како што знаеме тоа е предизвикување на општа опасност а исто така со законот за комунални дејности и законот за животна средина секој оној кој ќе биде фатен на лице место ќе биде соодветно санкциониран-нагласи тој.

Бојковски потенцираше дека во изминативе три месеци имаат напишано и неколку казни. Дополни дека паричната казна за спалување отпад изнесува 200 евра.

-Досега имаме напишано 27 казни, 58 опомени, што значи дека оние сторители на прекршок на лице место го отстраниле прекршокот, имаме две казни една за спалување на отпад а другата за испуштање на отпадна вода на јавно прометна површина од страна на инспекторот за животна средина-додаде тој.

Инспекторот за животна средина при Општина Куманово информираше дека паралелно ќе работат на спроведување мерки за заштита на воздухот. Од утре ќе започнат со мерката аеросолизација, која ќе се одвива во централното градско подрачје.  Испитувањата од април годинава, покажаа дека  загадувањето е најголемо на улиците Гоце Делчев, Илинденска, Народна револуција и булеварот Октомвриска револуција.

Според мерните станици за квалитет на воздухот, Куманово деновиве е еден од најзагадените градови во државата. Загаденоста со ПМ-10 честичките во воздухот беше 3 до 4 пати над максималната граница.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)