Во организација на здружението за борба против рак „Борка – Езра“ денеска ќе се одржи едукативно предавање за превенција и рано откривање на малигните болести.
Свое излагање ќе има д-р. Мери Пешева, специјалист онколог, која ќе одговара на прашања и ќе дава совети на присутните.
Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за превентивно делување и подобрување на квалитетот на животот на пациентите со малигни заболувања. Здружението „Борка – Езра“ е карика помеѓу пациентите и институциите во борбата со малигните заболувања.
Предавањето е со почеток во 14.30 часот, во кружната сала на зградата на поранешен комитет.