Ќе се осветлува стариот градски парк

Целосно ќе биде осветлен стариот градски парк во Куманово. Јавното претпријатие „Куманово паркинг“  денеска започна со реализација на проектот за осветлување, односно поставување на 65 канделабри во паркот кај градскиот стадион. За овој проект претпријатието одвои  2,5 милиони денари.

-Канделабрите се алуминиумски, со висина од четири метри и предвидено е да се постават низ целиот градски парк ,со што,целокупниот простор на паркот,ќе биде осветлен. Проектот беше најавен и во програмата за работата на јавното претпријатие за тековната 2016 –та и по завршување на сите процедури, тендерски постапки, денеска започнуваме со имплементација на проектот“-изјави  Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово паркинг“

Надлежните посочуваат дека активностите на терен треба да завршат до крајот на месецов. Освен што ќе биде осветлен градскиот парк, и патеките ќе бидат уредени со бекатон плочки или асфалт, а како што рече градоначалникот Зоран Дамјановски во моментов тече тендер за набавка на комунална опрема, клупи и кошници.

-Тендерот за осветлувањето  е завршен пред дваесетина дена. Претходно  ќе се постави подземна инсталација и ќе се изврши поврзување со трафостаницата. Претходната година беа исечени 60-тина стари тополи и сега се садат нови зимзелени дрвца и планирано е уредување на зелените површини и на некој начин преку осветлување и со стражарска служба, во овој дел од градот, на барање на граѓаните, градскиот парк ќе добие поинаков лик“-рече Зоран Дамјановски , градоначалник на Куманово

Стариот градски парк зафаќа површина од над 3.000 метри квадратни.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)