Ќе се подобруваат услови за работа на пожарникарите

Територијалната противпожарна единица Куманово работи со застарена техничка опрема поради што под итно треба да се преземат мерки за обновување на возниот парк. Ова на последната седница на советот на општина Куманово го констатираа поголемиот дел од советниците кои што расправаа по точката на дневниот ред- годишен извештај на пожарната за 2016-та година.

Советникот од коалицијата „ За подобра Македонија “ Ашмет Османовски смета дека екипите на територијалната противпожарна единица најчесто интервенираат во средините каде што има поголема концентрација на припадниците од ромската заедница. Според него, интервенциите можеби би се намалиле и превентивно би се делувало кај ова население  доколку пожарникарите организираат едукативни предавања во врска со причините кои што најчестопредизвикуваат пожари.

– Условите во кои работите се никакви, опремата е застарена повеќе од дваесетина години, меѓутоа благодарение на луѓето кои што работат таму како пожарникари колку толку стигнувате на време да ја вршите својата дејност. Вие најмалку влегувате меѓу ромите во тие средини каде што е поголем број на Роми со флаери, со предавања за едукација особено пред зимскиот период, кога се вклучуваат греалки, и други грејни тела. Таму одите само кога треба да дејствувате како противпожарна единица, изјави Ашмет Османовски,  советник

Советничката Снежана Захариева потенцираше дека набавката на потребната опрема е исклучително скапа инвестиција, но надлежните би можеле да аплицираат за помош до странските амбасади кои би биле подготвени да донираат техничка опрема .

-Да се направи анализа што е ургентнио потребно, факт е дека секоја итна служба за добра и успешна работа треба да постои не само добро и адекватно обучена кадровска екипираност потребно е истите тие вработени да бидат редовно контролирани, здравствената состојба, потребни се хармонични односи во колективот  пред се една добра техничка опременост со се она што им е неопходно за работа. Факт е дека без добра опрема не може да излезе во пресрет на сите наши работни задачи затоа што иваа тппе опслужува и други општини, изјави Снежана Захариева, советник

-Навистина е неопходно и потребно и сите треба да се заложиме да тппе биде опремена барем со опрема која што ќе и биде на располагање за вршење на својата функција. Знам дека немаат никаква скала за висококатниците, изјави  Драги Караџински, советник

Во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите за работа во територијалната протипожарна единица, рече меѓу останатото командирот Деан Илиевски.

-Се уште нема формирано екипа за гаснење на пожар на гасна инфраструктура , кога ќе биде не можам точно да кажам, но сигурно дека ќе работиме на таа проблематика. Засега добро функционира соработката со ЕВН бидејќи на секоја интервенција бараме исклучување на струјата, соработката е во тој контекст исто како со претставниците на јавните претпријатија Водовод и Чистота.Османовски, ние сме оператива а тоа е веќе превентивна заштита, а во наредниот период ќе се вклучиме во превентивна заштита, иако не е во наша надлежност. Законот  за пожарникарство не дава право ние да формираме оџачарска служба и да вработуваме оџачари.  Преку Доброволно друштво веќе има почнато такво нешто и се надевам дека во најскоро време ќе почне да функционира и тоа, изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ , Куманово

Илиевски потенцираше дека во соработка со вработените во локалната самоуправа работат на неколку проекти за набавка на опрема преку донации , но дали ќе ги добијат донациите , не зависи од нив, туку од донаторите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)