Ќе се поставуваат садови за селекција на отпад

Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“  добија дозвола за примарна селекција на отпад согласно Стратегијата за справување со отпад, информираат надлежните. Околу 200 пластични садови за отпад наредниот период ќе бидат поставени во градот , а граѓаните првпат ќе имаат можност отпадот од пластика, стакло или хартија да го одлагаат во посебни контејнери. Дел од садовите за селекција на отпад веќе се набавени, а остатокот допрва ќе се обезбеди преку донација, посочуваат од комуналното претпријатие.

-Во прва фаза ќе наместиме 60 пластични контејнери и плус околу 70 ќе добиеме како донација , значи 130 и мислам дека ќе стигнеме до бројка од 200 затоа што имаме околу 50-ина кај нас во депо кои ги обезбедивме исто така преку донација . Со ова првична реакција од страна на ЈП ќе тргнеме кон спроведување на примарна селекција на отпад. Тоа значи дека граѓаните на град Куманово ќе одлагаат посебно пластика, посебно стакло, посебно хартија и сите оние работи кои се во домовите, со тоа што бенефит за граѓаните и за ЈП ќе биде тоа што таа пластика и тој полупроизвод кој оди на депонија ќе може да се преработува да се селектира да се преработува во преси и да се враќа назад како полупроизвод кон производителите односно кон оние фирми и претпријатија во РМ и надвор од неа за да може тој полупроизвод да се враќа назад во производство, изјави Сашо Петрушевски, ЈП „Чистота и зеленило“

Бенефитите од примарната селекција на отпад ќе бидат значајни, но постои мислење дека е потребно да се прават кампањи со кои ќе се подигне свеста кај населението, бидејќи селекцијата и рециклирањето на отпадот почнува од домовите.

-Општина Куманово мислам дека со тоа и ЈП  ќе го намали сметот односно селектираниот смет кој ќе биде одложен во тие садови ќе биде еден дел од сметот со тоа што контејнерите ќе си останат значи се она друго што е дел од комуналниот отпад кој го собира по закон за изнесување и депонирање на смет ЈП  ќе го собираме и понатаму и мислам дека со таква селекција на отпад  ЈП  ќе може да биде и многу поефикасно во собирање на отпад, а граѓаните ќе го имаат тој бенефит што околината и средината ќе бидат почисти, изјави Сашо Петрушевски, ЈП „Чистота и зеленило“

Резултатите од едно истражување, направено од Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија, покажале дека граѓаните сакаат да го селектираат отпадот доколку имаат можност и доволен број контејнери за таа намена. Исто така, потребно е да постојат и еко- патроли што ќе прават увид во состојбата на садовите за селекција на отпадот. За поефикасна селекција и рециклирање на отпадот потребно е и компаниите да учествуваат во финансирањето на системите за собирање и рециклирање на отпадот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)