Врз основа на иницијативата од здружението „Живот“ од Куманово за здружување на правни субјекти за организација на манифестации и саеми, а под покровителство на Комората на органски производители, утре во 15 часот, во малата сала во зградата на поранешен Комитет ќе се потпише Меморандум за соработка помеѓу 11 правни субјекти, организатори на 13 манифестации од Куманово и Североисточниот плански регион.
Овој Меморандум за соработка се потпишува со намера и цел да се овозможи ефикасна и координирана соработка помеѓу потписниците на меморандумот за реализација на активности чија главна цел е унапредување на меѓусебната соработка и давање придонес кон застапување на заеднички интереси, информираат од здружението „Живот“.