Ќе се реконструираат двата крака од улицата 420 во населбата Карпош. За санацијата Општина Куманово ќе одвои 706.643,59 денари со вклучен данок на додадена вредност. Санацијата се очекува да почне наскоро и би требало да заврши во предвидениот рок утврден во договорот со избраниот економски оператор, појаснуваат од секторот за комунални дејности на општината. На објавениот тендер за реконструкција на краците се пријавиле шест компании. Со реконструкцијата, надлежните очекуваат значајно да се подобри безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот во населбата.
Ќе се реконструираат краци од улицата „420“ во „Карпош“
